Дома Топ вести Венгер: Не ми оди добро, може Гатусо да ми даде некој совет

Венгер: Не ми оди добро, може Гатусо да ми даде некој совет

Фудбалерите на Арсенал денеска гостуваат кај Милан во рамките на првиот натпревар од осминафиналето во Лига Европа, а тренерот на Топџиите, Арсен Венгер е загрижен поради повредите на своите играчи.

Венгер поради повреда нема да може да смета на неколку играчи од првиот тим.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


„Белерин е повреден, има проблеми со левото колено. Тој се обиде, но не можеше да го издржи тренингот, па го оставивме дома. Мислам дека не е голем проблем. Лаказет не е подготвен. Исто така дома го оставивме и Начо Монреал бидејќи и тој не е спремен. Тој денеска го почна тренингот, но се виде дека не е спремен.“ –  изјави Венгер.

Французинот го превзема Арсенал во 1996. година кога Гатусо беше млад фудбалер, па новинарите ги интересираше дали има некој совет за Гатусо во тренерската работа, а Венгер даде интересен одговор.

„Немам некој посебен совет. Тој е човек со многу искуство. На мене не ми оди најдобро, па може јас да добијам некој совет од него.“

Да потсетиме, вечерашниот дуел е на програмата од 19.00 часот.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Без голови на дербито, Миовски не доби шанса во Париз

Манчестер Сити и Интер одиграа меч без голови, ПСЖ во последните минути ја победи Џирона, …