
Месут Озил сигурно заминува од Арсенал, а раководството на „топџиите“ веќе активно бара замена за германскиот плејмејкер.
Озил одби да го продолжи договорот со Арсенал и на крајот на сезоната сигурно ќе замине од „Емирати“ како слободен агент. Медумите пишуваат дека негова следна дестинација ќе биде Манчестер Јунајтед поради добрите односи со Мурињо.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Венгер е свесен дека не може да го задржи Германецот и веќе ја започна потрагата по негов наследник, а англиските медиуми откриваат дека тој ќе пристигне од Барселона.
„Мундо Депортиво“ исто така потврди дека Арсенал е сериозно заинтересиран за Рафиња Алкантара, кој се рехабилитира од повредата и се уште нема ниту еден настап оваа сезона.
Рафиња тешко дека ќе може да се избори за поголема минутажа во Барселона па и самиот е спремен да ја промени средината.
Наводно Венгер веќе стапил во контакт со неговиот агент и во него гледа идеална замена за Месут Озил.