Aрсен Венгер во свој период поминат на клупата на Арсенал пропушти да доведе повеќе големи имиња, а сега призна дека негова голема желба бил Џејми Варди.
Венгер се обидувал да го убеди Варди да се пресели во Арсенал, но напаѓачот не сакал да го напушти Лестер.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Варди е фантастичен напаѓач. Цело време следи што се случува, никогаш не е надвор од натпреварот. Сигурен е во себе и знае и дека од тешка позиција може да постигне гол, такви се големите напаѓачи. Му понудив многу пари на Варди во 2016. година, тогаш Лестер само што ја освои Премиер лигата и не сакаше да го изгуби. Понуден му беше долгорочен договор и навистина голема сума пари, но понудата не беше прифатена“, изјави Венгер.