Дома Фудбал Англија Варди е легенда: Какви теретани и диети – со Ред Бул го реши Тотенхем!

Варди е легенда: Какви теретани и диети – со Ред Бул го реши Тотенхем!

Џејми Варди е во фокусот по синоќешниот натпревар помеѓу Лестер и Тотнем, 37 годишниот напаѓач имаше свое шоу и повторно ги освои симпатиите на неутралните фудбалски фанови.

На љубителите на фудбалот добро им е позната приказната на Џејми Варди, кој од аматерски фудбал стигна до трофеј во Премиерлигата и ФА Купот.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


По една сезона во втора лига, Џејми Варди и Лестер се вратија во елитата и вчера го пречекаа Тотнем на Кинг Пауер стадионот.

Напаѓачот имаше свое шоу, па утрово е главен на социјалните мрежи.

Кога беше заменет, маестрално им одговори на гостинските навивачи кои цел натпревар го провоцираа, па им порача дека тој и Лестер имаат една титула во Премиерлигата, а тие немаат ниту една.

Потоа влезе и во вербална војна со фудбалерите на Тотнем и најкултурно му порача на Ромеро да „одј*бе’.

А на полувремето љубителите на фудбалот видоа типична слика за Џејми Варди, напаѓачот си пиеше Ред Бул при излегувањето од тунелот, како да е најнормална работа за еден професионален фудбалер.

12 минути подоцна, тој ја затресе мрежата на Тотнем и донесе бод за Лестер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Анчелоти откри каква е повредата на Мбапе

Килијан Мбапе го постигна првиот гол за Реал Мадрид во победата над Аталанта 3:2 во шестио…