Легендарниот француски стратег Арсен Венгер кој работи во ФИФА како главен за развојот на фудбалот претходно зборуваше за организирање на СП на секои две години, а сега најави уште една промена.




Венгер откри дека на Мундијалот во Катар може да биде направена голема промена кога во прашање е офсајд позицијата.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Постојат добри шанси офсајдот во 2022 да биде автоматски. Должен сум да ја чувам тајната, но многу е веројатно дека тоа ќе биде следниот голем напредок во судењето“, изјави Венгер.




Во овој момент се користи ВАР технологијата за да им помогне на судиите, но поради грешките кои се прават и во ваква ситуација ФИФА сака промена.