Како што пренесува португалскиот весник „А Бола“, двајца играчи на Спортинг Лисабон се пред трансфер во лондонски Арсенал.
Станува збор за Желсон Мартинс и Вилијам Карваљо, чии настапи подолго време ги следи менаџерот на „топџиите“, Арсен Венгер.
За овие двајца фудбалери Спортинг бара 70 милиони евра, сума која Арсенал е подготвен да ја плати.
Желсон Мартинс игра на позцијата крилен напаѓач, но може да одигра и како десен бек. Тој има 22 години, а минатата сезона одигра 43 натпревари за Спортинг.
Вилијам Карваљо е дефанзивен играч за врска, стандарден португалски репрезентативец и веќе подолго време трансфер цел на Ливерпул и Манчестер Јунајтед.