Дома Трансфер зона Венгер купува од Серија А, интересот го потврди и агентот

Венгер купува од Серија А, интересот го потврди и агентот

Иако многу од навивачите очекуваат Арсен Венгер по крајот на сезоната да го напушти Арсенал, од тоа, како што стојат работите нема да биде ништо.

Венгер во Арсенал е долги 22 години, а иако оваа сезона лондонскиот клуб под негово водство бележи слаби резултати, за заминување од клупата овој искусен тренер не размислува и веќе почна да го прави списокот за летни засилувања.

Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ


Еден од фудбалерите кои Венгер ги посакува е Јакуб Јанкто. Се работи за млад фудбалер на Удинесе, кој зад себе има добра сезона. Дека во целата приказна има вистина сведочи и изјавата која ја даде агентот на чешкиот репрезентативец Бепе Рисо.

„Јанкто имаше опции во текот на јануарскиот преоден рок, но одлучивме дека најдобро за него е да остане во Удинесе уште некое време. Важно е да расте и созрева.“ – изјави Рисо, па се осврна на интересот од Арсенал.

„Во Арсенал водат сметка за младите играчи и дефинитивно ќе зборуваме со нив.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барди ја почна новата сезона со гол од пенал (Видео)

Коња ја започна новата сезона во турската Суперлига со убедлива победа (4-1), а значаен уд…