Дома Фудбал „Влаховиќ ќе потпише за Барселона“

„Влаховиќ ќе потпише за Барселона“

Душан Влаховиќ се опоравува од повредата и операцијата и прогнозите се дека во март ќе се врати на теренот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Секако, договорот со Јувентус му завршува на крајот од сезоната и веќе се шпекулира за неговата иднина.

Барселона е во водечка позиција, но ситуацијата ја следат Баерн, Милан, Интер…

Кондицискиот тренер во репрезентацијата на Србија Душан Илиќ во разговор за Тутоспорт зборуваше за опоравувањето и иднината на Влаховиќ.

„Повредата се појави на многу специфично место. Но, имајќи ги предвид лекарите и експертите кои ги има на располагање, можам да кажам дека наскоро повторно ќе го гледаме. Мислам дека на почетокот на март повторно ќе го видиме на теренот. И тоа во стариот ритам, како дава голови и ги рони мрежите на противниците.”

Влаховиќ ќе се обиде да се збогува во стил од Јувентус оваа сезона, со кои се бори за излез во Лигата на шампионите.

„Според мое мислење, тој ќе оди во Барселона. Пред доаѓањето во Јувентус, разговараше со Атлетико Мадрид, но сепак го избра Бијанконерите. Тоа беше понуда која не можеше да се одбие. Сега треба да ја освежи својата кариера и да се обиде да оди понатаму.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Олисе донел одлука што дава надеж на Реал и Перес

Една од големите ѕвезди на Франција на Светското првенство – Мајкл Олисе, сака да се…