Дома Фудбал Останато Венгер има предлог за да се реши проблемот со милиметарските офсајди

Венгер има предлог за да се реши проблемот со милиметарските офсајди

Поранешниот тренер на Арсенал сега работи во ФИФА и е спремен да помогне во решавањето на проблемот со видео технологијата.

Многумина ќе кажат дека ВАР го уништува фудбалот, оние кои критикуваат тврдат со ВАР се губи душата на фудбалот. Како најголем проблем се покажаа милимеатрските офсајди и на оваа тема пристигнуваат разни предлози како се да се реши. Предлог даде и Венгер.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Според Венгер правилото треба да се промени така што би се судел офсајд само ако играчот е во недозволена позиција со дел од телото со кој може да постигне гол.

„Во овој момент со ВАР сме во контроверзна ситуација и јасно е дека најголеми забелешки доаѓаат за офсајдите. Со ВАР беа досудувани офсајди за дел од сантиметрите, играчот беше во офсајд буквално само со носот“.

„Постои простор правилото да се измени и носот да не биде дел од телото кој може да биде во офсајд бидејќи вие не би требало да бидете во недозволена позиција со дел од телото со кој не можете да постигнете гол“.

„Оваа промена сметам дека ќе ги подобри работите и дека повеќе нема да имаме офсајди кога играчот е за неколку милиметри пред последната линија“, изјави Венгер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Во Италија ќе има и трет преоден рок

Во Италија од наредната година би можел да биде воведен и трет преоден рок. Причина за ово…