Дома Трансфер зона Венгер избра напаѓач, навивачите се „фаќаат за глава“!

Венгер избра напаѓач, навивачите се „фаќаат за глава“!

Тренерот на Арсенал, Арсен Венгер, го избрал напаѓачот кого има намера да го донесе на „Емирати“.

Како и што е често пати случај изборот падна на фудбалер кој не би било многу тешко да го доведат и кој нема да биде многу скап.


Луд викенд: "Ел Класико" во Шпанија и супер дербија во Англија и Италија! ↓↓↓


Се работи за Французинот, Мбаје Нианг кој е член на Милан, а минатата полусезона ја помина во екипата на Вотфорд. Таму баш и не се прослави, одигра 16 натпревари и постигна само два погодоци. Во првиот дел од сезоната, додека настапуваше за Милан, одигра 18 натпревари и постигна три погодоци, а запиша исто толку асистeнции. Значи, 34 натпревари, 5 погодоци бројки кои во никој случај не се добри за еден напаѓач.

Сепак, да потсетиме, Нианг има само 22 години и сеуште има простор за напредок, неговата вредност на пазарот изнесува околу 15 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Алонсо му поставил услов на Перез, доаѓа во „пакет“ со ѕвезда од 100 милиони

Чаби Алонсо минатата сезона направи „чудо“ со Баер Леверкузен и ова лето беше на мета на м…