Баварците се во интензивна потрага за нов тренер откако Нико Ковач заработи отказ.
Жозе Мурињо долго се поврзуваше како прв фаворит за испразнетото место, во игра беше и Тухел, но медиумите во Германија најголеми шанси му даваат на поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако се мислеше дека тоа се само шпекулации, Венгер тоа го отфрли и во разговор за британските медиуми потврди дека не е исклучена можноста токму тој да седне на клупата на Баерн.
„Румениге ме побара во средата попладне, но не можев веднаш да се јавам, му се извинив и го побарав подоцна. Во тие моменти веќе беше во автомобилот со кој патуваше на натпреварот против Олимпијакос. Разговаравме четири-пет минути и ме праша дали сум заинтересиран за работа во Баерн, што за мене беше изненадување. Му реков дека не сум размислувал за тоа и дека ми треба малку време да размислам.“ – изјави Венгер и додаде:
„Се договоривме да разговараме следната недела, бидејќи сум во Доха до недела. Тоа е вистината.“