Дома Фудбал Останато Венгер до Зидан: Ако сакаш да работиш на највисоко ниво оди во Премиер лигата

Венгер до Зидан: Ако сакаш да работиш на највисоко ниво оди во Премиер лигата

Oва лето Зинедин Зидан го шокираше фудбалскиот свет кога после освојувањето на третата титула во низа со Реал Мадрид во Лигата на шампионите ја напушта клупата на „кралевите“.

Од тој момент францускиот стратег се поврзуваше со бројни клубови ширум Европа, а најмногу со Манчестер Јунајтед и Јувентус (директорска позиција). Сепак, не се појави никаква потврда, па тој и понатаму е без ангажман.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Уште еден стратег кој е без ангажман, Арсен Венгер кој го напушти Арсенал сега испрати совет до својот колега.

Венгер му порача на Зидан ако сака да работи на највисоко ниво да оди во Премиер лигата.

„Ако сакаш да работиш на највисоко ниво Англија и Премиер лигата се најдобар избор. Тоа е единствената лига каде што шест клуба се надеваат на титулата. Проблем прави Брегзит и поради тоа не е јасно дали лигата ќе продолжи финансиски да доминира, но ќе дознаеме наскоро“, гласеше пораката на Венгер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фудбалер на Манчестер јунајтед заминал од „Олд Трафорд“ на полувремето со Лион

Во вистинска фудбалска драма, Манчестер Јунајтед обезбеди пласман во полуфиналето на Лига …