Французинот останува на клупата од Арсенал и продолжува во свој стил, доведувајќи го најдобриот стрелец од белгиската лига.
Сезоната само што заврши, а Венгер веќе го договори првото засилување во летниот преоден период. Иако навивачите на Топџиите веруваа дека трансфер пазарот би можела да го отвори некоја „бомба“, Венгер во свој стил ги израдува со 19-годишниот суперталентиран напаѓач од белгиски Еупен, Анри Онјекуру.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Англискиот великан, како што пренесува Sky, на име обештетување ќе плати околу 8 милиони евра, а останува само Онјекуру да ги договори личните детали во договорот со Арсенал.
Минатата сезона овој нигериски напаѓач блесна во дресот на Еупен и со 20 гола на 38 натпревари беше најдобар стрелец во белгискиот шампионат, а екипата успешно избори опстанок во белгиската фудбалска елита.
Во зимскиот период Еупен за овој фудбалер ја одби понудата од шкотскиот првак Селтик, а Нигериецот претходните месеци го меркаа и Евертон, Саутемптон, Кристал Палас, ВБА и Вест Хем.
Инаку, Онјекуру првите фудбалски чекори ги направи во фудбалската академија Аспајер, во Катар, пред седум години, а во 2015 година дојде во Европа. Моментално се наоѓа во Париз, со репрезентацијата на Нигерија, каде во четврток би можел да дебитира за сениорскиот тим.