Дома Фудбал Велверде најавува промени: Паулињо е одличен играч, за Серхио најдобро е да биде позајмен…

Велверде најавува промени: Паулињо е одличен играч, за Серхио најдобро е да биде позајмен…

Екипата на Барселона во текот на вчерашниот ден го комплетираше трансферот на Паулињо, денес тренерот Ернесто Велверде најави дека клубот очекува уште засилувања до крајот на преодниот рок.

Велверде верува дека неговиот тим има квалитет во реваншот од Супекупот на Шпанија да ја надополни негативата од првиот натпревар против Реал Мадрид.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Во реваншот против Реал потребно е да создадеме повеќе шанси за погодок. Имаме обврска да напаѓаме и да не застануваме со нападите. Нивната предност е солидна, но не и недостижна. Нема да се откажеме, ќе се бориме до крај за овој трофеј. Имаме план и ќе се обидеме да го спроведеме на теренот“, изјави Велверде.

Потоа Велверде зборуваше за трансферот на Паулињо, како и статусот на Серхио Роберто.

„Паулињо е добар играч и важен дел од репрезентацијата на Бразил. Тој ќе ја донесе потребната стабилност во нашиот среден ред. Многу се зборуваше за него уште пред тој да настапи, да му дозволиме да одигра неколку натпревари, па потоа да зборуваме“.

„Серхио Роберто е важен играч за нас и тоа никој не смее да го доведува во прашање. Можеби не играше многу на стартот од сезоната, но сметаме на него во иднина. Сметам дека за него оваа сезона е најдобро да биде испратен некаде на позајмица“.

„До 31 август се може да се случи. Најважно е во секое време да го имаме најдобриот тим на располагање“, заврши Велверде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алегри има амбициозен план – познат тандемот кој ќе го предводи Милан

Еден од најинтересните фудбалери на пазарот во Италија ова лето дефинитивно е младиот игра…