Дома Трансфер зона Велбек има три понуди, која ќе ја одбере?

Велбек има три понуди, која ќе ја одбере?

Напаѓачот на Арсенал, Дани Велбек е на излезни врати од „Емирати“.

Овој англиски репрезентативец веќе некое време не има толку важна улога во екипата на „Топчиите“, а изгледа дека својата среќа нема да ја пронајде ниту кај новиот менаџер, Унаи Емери. Британските медиуми пишуваат дека Велбек е блиску до заминување од клубот и дека веќе има три понуди и тоа од Евертон, Борнамут и Саутемптон.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Наводно, Арсенал е подготвен да го продаде Велбек, но не е познато за колку надомест. Неговиот договор важи до јуни 2019. година и се очекува тоа да не биде спектакуларна цена. Велбек има 27 години и во кариерата не промени многу клубови. Играше за Манчестер Јунајтед, Престон и Сандерленд, член на Арсенал е од 2014. година кога пристигна за 20 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид како замена за Карвахал сака играч на Манчестер Јунајтед?

Реал Мадрид внимателно го следи развојот на одбранбениот играч на Манчестер јунајтед, Диог…