Дома Останати Вајт најавува пресврт: Раговарав со Кабиб, мислам дека ќе се врати

Вајт најавува пресврт: Раговарав со Кабиб, мислам дека ќе се врати

Неприкосновениот шампион во лесната категорија Кабиб Нурмагомедов минатата недела објави крај на кариерата после победата против Џастин Гатје, но само неполна недела подоцна првиот човек на УФЦ, Дајна Вајт најавува голем пресврт.

Кабиб после победата порача дека тоа ќе биде неговата последна борба и дека повеќе нема да се бори. Меѓутоа во интервју за американските медиуми, Вајт изјави дека веќе разговарал со Кабиб и според него постојат големи шанси Дагестанецот да го смени мислењето и да одработи уште една борба со цел да се обиде да дојде до 30. победа.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Кабиб и јас разговаравме. Беше навистина емотивно после тој УФЦ 254 евент и неговата 29. победа. Мислам дека ќе брка скор 30:0, моето чувство ми кажува дека ќе одработи уште една борба. Неговиот татко сакаше скор од 30:0 и мислам дека ќе се обиде да му ја исполни желбата“, изјави Вајт.

Ќе потсетиме таткото на Кабиб почина пред неколку месеци како компликации од коронавирусот, па затоа борбата со Гатје беше посебна и емотивна за Кабиб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Реал тргнува по дефанзивец на Тотенхем

Реал Мадрид сака да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, а најново име на списокот…