Дома Фудбал Англија Вајлдер: Против Ливерпул ќе играм со десет играчи во одбраната

Вајлдер: Против Ливерпул ќе играм со десет играчи во одбраната

Тренерот на Шефилд Јунајтед, Крис Вајлдер се пошегува дека би можел да игра со 10 дефанзивци против Ливерпул во сабота.

Шефилд оваа сезона играше со тројца фудбалери во одбраната, но против лидерот на табелата би можеле да применат нова тактика.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Може ќе ставам десет играчи во одбраната. Ливерпул создаваше проблеми на подобри екипи од нас. Се надевам дека нема да покажат се што покажуваат во последниве две или три години. Можеби ќе имаат лош ден, што може да го искористиме“, изјави Вајлдер.

Актуелниот европски шампион во првите шест кола од Премиер лигата забележа исто толку победи, додека Шефилд забележи по две победи, порази и нерешени резултати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ван Нистерлој добива понуда од Премиер лигата

Руд ван Нистерлој беше помошник на Тен Хаг во Манчестер Јунајтед, а потоа и на четири меча…