Извршниот директор на Борусија Дортмунд даде мрачна прогноза за иднинта на Бундеслигата, ако сезоната не продолжи во најскоро време.
Вацке изјави дека повеќето клубови нема да издржат уште долго да „трупаат“ финансиски загуби и работите мора да се променат што поскоро.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Клубовите од Германија веќе добија дозвола за тренинзи, и се надеваат дека од 9-ти мај ќе продолжи сезоната, но тоа е малку веројатно во моментов.
„Ако не играме фудбал во следните неколку месеци, Бундеслигата ќе биде давеник без можност за спас. И јас велам дека не е сеедно и исто кога се игра со публика, или без неа на трибините, но во вакви услови мора да се продолжи и заврши сезоната“, вели Ханс-Јоаким Вацке.
Следната недела се очекува властите да донесат конечна одлука за тоа кога ќе продолжи Бундеслигата.