На две кола пред крајот Александар Васоски си поднесе оставка од клупата на Академија Пандев по вчерашниот пораз на домашен терен од Тиквеш со 1:4.
Оставклата на Васоски е неотповиклива и доаѓа во момент кога тимот го има обезбедено опстанокот ПМФЛ бидејќи е јасно дека од првенството испаѓа победа, а бараж натпревар ќе игра Скопје.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
За Васоски ова беше втор мандат на клупата на струмичкиот клуб, но не беше успешен како првиот. Во Струмица се врати од Босна каде што го водеше Сараево.
Васоски во минатото беше тренер и на Вардар со кој успеа да ја освои титулата во ПМФЛ.