Денес од 15:00 часот во рамките од ПМФЛ еден од поинтересните натпревари го играат Пелистер и Академија Пандев.
Пред овој натпревар разговаравме со тренерскиот тандем од Академија Пандев, Александар Васоски и Раденко Бојовиќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пелистер е последен на табелата, но Васоски и покрај тоа е претпазлив и посочи дека на Пелистер гледа како на една екипа која има традиција, според него еден од клучните фактори ќе биде желбата.
„Не гледаме на Пелистер како последнопласиран, туку гледаме како екипа која има традиција. За жал подоцна се приклучи на припремните, меѓутоа знаеме дека минатата година изгубивме тука во таа клучна битка за опстанок. Затоа влегуваме максимално мобилизирано, максимално сериозно, без разлика што ние сме први, а тие последни, тоа не значи ништо. По мене ова ќе биде една вистинска борба за бодови и на крај тој што ќе има среќа, што ќе ја сака повеќе победата, што ќе биде посконцентриран во тие клучни моменти, тој ќе победи“.
Академија Пандев игра офанзивен фудбал, а Васоски и Бојовиќ нема ништо да променат и во утрешниот натпревар.
„Ние на сите натпревари и на тој што изгубивме си Брегалница, како и со Струга со која одигравме нерешено создадовме многу прилики. Играме по мене еден допадлив фудбал, така како што ние тренерскиот тим го имаме замислено, така ќе биде и утре. Знаете, во фудбалот е тешко да се предвиди, токму и затоа е интересен спорт, нема гарација дека добрата игра некогаш значи победи. Пелистер можеби е под малку поголем притисок од нас бидејќи е на последно место и се бори за опстанок, Кај нас иако засилувањата не беа од првиот ден со нас, сме презадоволни од сите“.