Дома Фудбал Англија ВАР и Кејн му пресудија на Челзи во првото полуфинале од Лига Купот (ВИДЕО)

ВАР и Кејн му пресудија на Челзи во првото полуфинале од Лига Купот (ВИДЕО)

Во првиот натпревар од полуфиналето во англискиот Лига Куп фудбалерите на Тотенхем на „Вембли“ стигнаа до минимална победа против Челзи.

Двата тима тргнаа со силно темо, па видовме неколку интересни прилики уште на стартот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Иако Челзи беше тимот кој имаше теренска иницијатива, Спарсите стигнаа до предност во 26-тата минута.

Кепа Аризабалага во казнетиот простор го сруши Хари Кејн, а после прегледувањето на ВАР снимките судијата Мајкл Оливер покажа на белата точка.

Челзи имаше поголем посед и иницијатива во вториот дел, но и покрај тоа не успеаа да го избегнат поразот.

Реваншот се игра на 24-ти јануари на „Стенфорд Бриџ“.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал Мадрид постави нов рекорд во Ла Лига

Сезоната во Ла Лига донесе ново поглавје во историјата на шпанскиот фудбал, а Реал Мадрид …