Вардар денес ја започнува одбраната на трофејот во Лигата на шампиони и трета година по ред во првото коло игра против Монпеље.
Во меѓусебните пресметки на Вардар и Монпелје во последните пет години поуспешни се „црвено-црните”. на Седум натпревари, петпати победувал Вардар, еден меч завршил со реми а единствениот пораз од Французите е на Ф4 турнирот во Келн во сезоната 2017/2018.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Сезонава екипата малку се промени, а имаме и некои проблеми со повреди, но ние сме сѐ уште Вардар. Многу од играчите кои во јуни ја освоија титулата сѐ уште се тука. На првиот натпревар сме кај Монпеље, мислам дека добро се подготвивме и тактички и физички и одиме во вистинска борба. Не очекува тежок натпревар, можеби гол – два ќе биде разликата.
Што се однесува до одбрана на титулата, веројатно не сме фаворити, и тоа ни одговара. Затоа што во последните 6-7 години никогаш фаворит не ја освоил титулата. Ќе одиме меч по меч, сезоната е долга и тешко е уште на стартот да се каже како ќе биде“, изјави Сташ Скубе.
На средбата во Франција ќе ги нема Стојанче Стоилов и Жозе Толедо кои се уште се повредени.