Актуелниот македонски шампион Вардар, по низата лоши партии, конечно оствари триумф и тоа против екипата на Скопје во рамки на 14. коло од ПМФЛ.
Вардарци против Скопје славеа со 3:0 и се најде повторно на втората позиција на табелата.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Пред крајот на првото полувреме црвено-црните успеаа да дојдат до водечкиот погодок, по низата обиди.
Стрелец на првиот погодок во финишот на првиот дел беше Хуан Фелипе со погодок постигнат од 20. метри.
Во вториот дел, Максимов успеа да го постигне својот деби погодок, а на Вардар истовремено да му донесе зголемување на водството во 65. минута.
Во финишот на мечот, конечниот резултат го постави Џигаури во 86. минута со прецизен удар во горниот десен агол.