Специјалистот за одбрана Илија Абутовиќ на крајот од оваа сезона заминува од Скопје и кариерата ќе ја продолжи во буднес тимот Рајн Некар Левен. Тој ја прифати понудата од Германија и потпиша договор со тимот до 2021 година.

Рајн Некар Левен не е само најдобар клуб во Германија, туку имаат и цели за во иднина. Би сакал да придонесам со моите игри за успех на клубот“, истакна Абутовиќ.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Српскиот ракометар е еден од „староседелците“ во Вардар, дојден уште пред ерата на Сергеј Самсоненко, во 2011 година. Му помогна на тимот да освои четири титули во македонската Суперлига, една во СЕХА-лигата и онаа најважната, во Лигата на шампионите.

Заминувањето на Абутовиќ е нов удар за шампионската генерација на Вардар, откако заминување од клубот објавија и Лука Циндриќ, Арпад Штербик,Мијајло Марсениќ,Хорхе Македа…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Селекторот Андов го објави списокот фудбалерки за двата натпревари со Црна Гора

Женската репрезентација на Македонија кон крајот на ноември и почетокот на декември ќе оди…