Натпреварот кој требаше да се игра утре помеѓу Вардар и ПСЖ е одложен.
На редовното тестирање Вардар пријавил позитивни случаи, па затоа овој дуел нема да се одигра. Одлуката за одложување ја потврди и Вардар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
“Натпреварот од 6. коло на А групата во Лигата на шампионите меѓу ПСЖ и Вардар 1961 е одложен. Средбата беше планирана за 28 октомври во Париз. Причината за откажувањето на натпреварот е што тимот на Вардар 1961 пријави дека има членови позитивни на Ковид-19 на последното тестирање. По консултациите со ЕХФ решено е натпреварот да биде одложен, и закажан дополнително во друг термин“, стои во соопштението од клубот.
За Вардар ова ќе биде трет одложен натпревар, по оној со Елверум и ПИК Сегед. И ПСЖ има еден одложен меч оној со ПИК Сегед.
Коронавирусот прави навистина големи проблеми во ракометната Лига на шампиони. На Вардар веќе му беа одложени два меча оваа сезона, а ова коло нема да се игра ниту натпреварот помеѓу Нант и ППД Загреб.