Дома Македонски спорт Мак ракомет Вардар не менува ништо: Против Монпелје со публика!

Вардар не менува ништо: Против Монпелје со публика!

Вардар не го следи примерот на кошаркарската и фудбалската федерација натпреварот против Монпелје ќе се игра со публика!

Вардар во официјалното соопштение потенцираше дека средбата ќе се игра пред публика, меѓутоа испрати препорака да не се носат помали деца.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


„Ги известуваме сите што купиле билети за натпреварот од ВЕЛУКС ЕХФ лигата на шампионите меѓу екипите на Вардар и на Монпелје, закажан за сабота (29 февруари 2020 година) во СЦ „Јане Сандански”, дека мечот ЌЕ СЕ ИГРА СО ПРИСУСТВО НА ПУБЛИКА.

Одлуката е донесена пред се поради краткиот период за било каква промена, а со оглед на тоа што станува збор за меѓународна средба која е одамна закажана, а и екипата на Монпелје е веќе пристигната во Скопје.

Препорака е да не се водат мали деца на натпреварот“, стои во соопштението од Вардар

Натпреварот е закажан за 17,30 часот во СЦ „Јане Сандански”, а пренос ќе има и на МТВ 1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…