Дома Македонски спорт Мак ракомет Вардар не личи на себе – прегазен од Веспрем

Вардар не личи на себе – прегазен од Веспрем

Македонскиот и вропски шампион Вардар запиша уште еден пораз, овој пат на гостувањето кај Веспрем со резултат 39:30.

Почетните минути минаа во знакот на „вардарци“, кои имаа минимално водство, но потоа домаќините ги преземаа работите во свои раце.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Вардарци нема решение за кружниот напаѓач на Веспрем, Андреас Нилсон, кој имаше беспрекорен учинок од 6/6 во првиот дел. Веспрем во неколку ситуации имаше „плус пет“, а на полувреме се замина со резултат 21:17.

Во второто полувреме „црвено-црните“ се обидоа да се вратат, намалија на три разлика (23:20), но Веспрем беше подобар веднаш ја зголеми разликата и рутински ја одржуваше до крајот за конечни 39:30.

Дибиров со осум гола беше најефикасен кај Вардар, Дисингер постигна пет погодоци,  а најдобри поединци во победничкиот тим беа Лауге со осум, Нилсон со шест и Ненадиќ со пет погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…