Дома Македонски спорт Мак ракомет Вардар мисли на иднината: Талентиран голман потпиша за црвено-црните

Вардар мисли на иднината: Талентиран голман потпиша за црвено-црните

Вложувањето во младите категории и создавање на силна и здрава конкуренција е еден од приоритетите на Вардар. Како дел од промените кои сезонава се случија во клубот и почнаа „позитивни ветришта“ заложбите на управата се и ангажирање на млади и талентирани ракометари.

Затоа кадетски голман Дамјан Стојковски (16) потпиша договор со клубот и ќе брани за младите категории, но ќе биде и дел од сениорскиот тим. Тој е веќе со тимот на Вардар на турнирот во Струга и добива шанса да го покаже својот талент.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Стојковски работи со првиот тим заедно со Александар Рогановиќ кој веќе даде многу позитивно коментари за Стојковски и му предвидува добра кариера ако продолжи да работи напорно како и досега.

Вардар сезонава ќе ги има сите младински категории и сите се пријавени во системот на РФМ. Покрај задолжителните пионерски категории, Вардар ќе има и кадетска и младинска генерација.

Младите ракометари постојано изразуваат желба да бидат дел од Вардар каде добиваат услови и шанса за напредување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…