Дома Македонски спорт Мак ракомет Вардар е четвртфиналист: Ќе одиме на победа за навивачите!

Вардар е четвртфиналист: Ќе одиме на победа за навивачите!

Ракометарите на Вардар со натпреварот против Кристијанштад, в недела, ќе ги завршат натпреварите во Б групата во Лигата на шампионите.

Иако македонскиот шампион е веќе четвртфиналист, сепак капитенот Стоилов вели дека тимот мора да победи за навивачите.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


„Без разлика на сè ние сме први во групата. Но, сепак ние сме професионалци и на самите себе, а и на навивачите им должиме победа. Сериозно му пристапуваме на натпреварот со Кристијанштад и се надевам дека со победа ќе ја завршиме оваа фаза“, изјави Стоилов.

Тренерт Раул Гонзалес, истакна дека Кристијанштад е добра екипа која игра брз ракомет и има исклучително добар контранапад.

„Сите треба да го дадат максимумот за да победиме. За Кристијанштад ова е важен натпревар, од него им зависи пласманот во осминафиналето и сигурно е дека ќе влезат со намера да победат. Играат брзо, играат добро во контранапади, имаат добар голман, затоа ќе треба бргу да се враќаме во одбрана“, рече Гонзалес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Фудбалерите скокнаа на ФИФА ранг листата

Фудбалската репрезентација на Македонија во октомврискиот циклус во кој игравме натпревари…