Ракометарите на Вардар дојдоа до првата победа во Сеха лигата, откако го совладаа Партизан, но потешко од очекувањата (31-26).
Вардар беше фаворит, но скоро целиот натпревар беше неизвесен и Вардар потешко од очекуваното стигна до победа.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Вардар во клучните моменти покажа квалитет, а голманот Томовски со неколку интервенции ја чуваше предноста.
Најефикасен беше Филип Талески со девет гола, Дејан Манасков постигна еден гол помалку, а одличен меч имаше и Стојанче Стоилов со седум погодоци.
Фото: РК Вардар