Дома Македонски спорт Мак ракомет Вардар без публика и против Нексе и против ПИК Сегед!

Вардар без публика и против Нексе и против ПИК Сегед!

Комисијата за заразни болести во Македонија излезе со ново соопштение во кое бара строг режим во наредните 30 дена.

Кога се спортските настани во прашање се предлага забрана за присуство на публика и тоа значи дека Вардар претстојните два натпревари ќе ги игра без гледачи. Вардар прво недела на 15. март ќе игра против Нексе, а седум дена подоцна на 22. март против ПИК Сегед во Лигата на шампионите.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Досега стануваше збор само за препорака, а сите поголеми федерации ги затворија вратите во претходните два викенди, исклучок беше само натпреварот помеѓу Вардар и Монеплеје. Клубот даде објаснување дека времето било прекратко да се реагира. Овој пат станува збор за забрана и публиката нема да смее да присуствува во салата „Јане Сандански“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…