Неизвесна е иднината на Рафаел Варан во Манчестер Јунајтед откако Французинот во последно време се помалку добива шанса за игра за кај Ерик Тен Хаг и во главно е на клупата за резерви.
Во ситуација кога е повреден Мартинез, Тен Хаг им дава предност на Мегваер и Линделоф, па така Варан е целосно во втор план и на Французинот тоа сигурно не му се допаѓа.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Така најавите од Островот се дека во јануари Варан заедно со Џејдон Санчо кој е целосно „отпишан“ ќе побара нов средина.
Тен Хаг неодамна на новинарско прашање одговори дека нема проблем со Варан и дека тоа што е на клупата е од тактичка природа. Меѓутоа се шпекулира дека клубот од „Олд Трафорд“ би можел да го замени со Жан-Клер Тодибо од Ница.