Рафаел Варан може да го напушти Реал Мадрид на крајот на сезоната и да се пресели во Манчестер Јунајтед, тврдат шпанските медиуми.
Дефанзивецот има договор со „кралскиот“ клуб до 2022 година и доколку не стави потпис на нов договор на лето ќе мора да биде продаден.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Манчестер Јунајтед покажува најсериозен интерес за Французинот, а бидејќи влегува во последната година од договорот неговата цена ќе биде 50 милиони евра.
Варан е на „Сантиаго Бернабеу“ веќе 10-та сезона и моментално заработува 6 милиони евра и се уште не може да најде заеднички јазик со Реал за нов договор.
Real Madrid prepared to sell Raphael Varane to United this summer #mufc https://t.co/BB0lfSoMhY
— Man United News (@ManUtdMEN) March 2, 2021