Дома Топ вести Ван Дијк беше само почеток, познат новинар тврди: До 4 јануари ќе го видиме следниот голем трансфер!

Ван Дијк беше само почеток, познат новинар тврди: До 4 јануари ќе го видиме следниот голем трансфер!

Трансферот на Ван Диј во редовите на Ливерпул изгледа е само почеток на лудницата која следи не очекува во јануари.

Ливерпул го направи Ван Дијк најскап дефанзивец во светот за сума од 85 милиони евра, а тој изјави дека големината на клубот влијаела на неговата одлука.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Сепак, најголемата сага на зимата би требало да биде трансферот на Кутињо во Барселона. „Најк“ веќе ја подгреа приказната со понудата за купување на неговиот дрес од шпанскиот гигант, после само еден час објавата беше избришана, но сите го запаметија датумот на испорка која наводно треба да започне на 6 јануари.

Како и да компанија сето ова го демантираше и истакна дека се работи за грешка. Меѓутоа познатиот бразилски новинар Марсело Бечлер тврди дека работата е завршена и дека во наредните три дена Кутињо ќе потпише за Барселона.

Трансферот би требало да изнесува околу 150 милиони евра со бонуси иако Клоп се уште не е убеден дали треба да го пушти Бразилецот.

Треба и да се истакне дека Бечлер не е сензационален новинар и важи за довервлив, а токму тој прв го потврди трансферот на Нејмар во ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…