Дома Фудбал Лига на шампиони Ван Дајк, Меси и Роналдо во битка за најдобар играч во Европа

Ван Дајк, Меси и Роналдо во битка за најдобар играч во Европа

Откако ќе бидат извлечени групите за Лигата на шампионите, на свечената церемонија во Монако, ќе бидат прогласени најдобриот играчи за минатата сезона 2018/2019 во елитното натпреварување. 

Во конкуренција за најдобар играч се, Вирџил Ван Дајк од Ливерпул, како и  Кристиано Роналдо (Јувентус) и Лионел Меси (Барселона).

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Холанѓанецот важи за благ фаворит во однос на останатите двајца бидејќи беше еден од најзаслужните за европската титула на Ливерпул.

Во останатите категории кандидати се:

Најдобар голман: Алисон (Ливерпул), Љорис (Тотенхем), Тер Штеген (Барселона)

Најдобар дефанзивец: Александер-Арнолд (Ливерпул), Де Лихт (Јувентус/Ајакс), Ван Дајк (Ливерпул)

Најдобар играч за врска: Де Јонг (Барселона/Ајакс), Ериксен (Тотенхем), Хендерсон (Ливерпул)

Најдобар напаѓач: Мане (Ливерпул), Меси (Барселона), Кристиано Роналдо (Јувентус).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Феде Валверде објасни за испадот на гнев при замената

Федерико Валверде одигра многу силен натпревар во победата на Реал Мадрид против Реал Соси…