Вирџил ван Дајк и Рахим Стерлинг ги зедоа двете награди за најдобар играч на сезоната во Премер лигата – од професионалните фудбалери и од новинарите.
Сепак, менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола не се согласува со изборот и за него друг фудбалер е најдобар оваа сезона.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
„За мене најдобриот беше Бернардо Силва. Но, јас не гласам. Во моментов тој може да игра во секој тим во светот. Кажете ми еден тим каде Бернардо нема да биде стартер. Тој може да прави се со топката и оваа сезона беше фантастичен“, изјави Гвардиола.
24-годишниот Португалец има 13 гола и 12 асистенции на 49 меча во сите натпреварувања оваа сезона.
https://youtu.be/iyOOK9J4w8c