Дома Топ вести Ван Бастен убеден дека Реал не заслужил пенал: Колку треба да сте глупав за тоа да го досудите?

Ван Бастен убеден дека Реал не заслужил пенал: Колку треба да сте глупав за тоа да го досудите?

Реал Мадрид вчера славеше победа на Бернабеу со 2:0. Двата гола беа постигнати во второто полувреме и беа дело на Мбапе.

Французинот прво стрелаше во 67. минута, а потоа и од белата точка на 15-тина минути до крајот на средбата.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Забелешки за досудениот пенал за Реал има легендарниот Ван Бастен. Судијата во прв момент не го санкционираше контактот помеѓу голманот на Бетис и Винисиус и досуди офсајд. Сепак, по реакцијата на ВАР и прегледувањето на снимката ја промени одлуката.

„Винисиус го иницираше контактот, тој го удри голманот во нозе, а од друга страна тој не направи ништо. Колку треба да сте глупав за да мислите дека ова е пенал? Ова е еден класичен пример во кој луѓето од ВАР никогаш не играле фудбал, ако играле ќе знаат дека не може да биде пенал“, вели Холанѓанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Постигат договор: Менди во Реал до 2027 година!

Реал Мадрид и Ферлан Менди постигнаа договор да ја продолжат соработката до 2027 година, п…