Јирген Клоп со Ливерпул вчера направи големо изненадување и ја елиминираше Барселона од Лигата на шампионите.
Малку кој веруваше дека Ливерпул може да се пласира во финалето откако во првиот натпревар на „Ноу Камп“ беа поразени со 3:0. Меѓутоа момците на Клоп не се предаваа и успеаа да на режираат голем пресврт со победата од 4:0.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За големата победа на Ливерпул после натпреварот зборуваше двојниот стрелец Георгино Вајналдум.
„После натпреварот во Барселона бевме убедени дека можеме да постигнеме четири гола и да се пласираме во финалето. Но, голем број луѓе мислеа дека тоа е невозможно, но ние уште еднаш покажавме што е фудбалот и дека никогаш не треба да се предавме“.
„Полн сум со емоции. Бев лут што Клоп ме стави на клупата и кога влегов во игра морав нешто да направам и дадов два гола“, изјави Вајналдум.
Ливерпул својот противник во финалето ќе го дознае вечерва кога својот реванш ќе го одиграат Ајакс и Тотенхем. Ќе потсетиме, Ајакс во Лондон победи со 0:1.