Минатото лето Мауро Икарди силно се поврзуваше со трансфер во Јувентус, но на крајот замина на едногидишна позајмица во Пари Сент Жермен.
Јасно е дека за Аргентинецот нема место во Интер, па пред Икарди постојат две опции, да остане во ПСЖ или да направи трансфер во Јувентус.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сепак, неговата сопруга и менаџер, Ванда Нара категорично ја отфрли можноста за негов трансфер во Јуве и потенцираше дека е среќен во Париз.
„Мауро нема да се пресели во Јувентус следната сезона. Тој го избра ПСЖ минатото лето за да не го изневери Интер. Кој го избрка? Не знам, но тој отиде во поголем клуб. Тој е среќен во Париз“, изјави Ванда.
„Мауро е среќен во Париз каде постигнува и „луди“ голови. За мене и најважно тој да биде среќен и во моментов тој е навистина среќен. Игра за еден од најголемите светски клубови“, додаде Ванда.