Дома Трансфер зона Валверде од управата на Барселона побара 180 милиони евра за овие тројца фудбалери

Валверде од управата на Барселона побара 180 милиони евра за овие тројца фудбалери

Ернесто Валверде веќе започна да работи на тоа кои фудбалери ќе пристигнат ова лето во Барселона, а сега се познати и фудбалерите кои се цел на Валверде.

Ернесто Валверде е свесен дека во следните два, а можеби и дури три трансфер периоди ќе мора да потроши огромна сума на пари за да ја реновира Барселона и да ја врати таму каде што припаѓа.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Првиот бран е веќе подготвен за ова лето, а шпанските медиуми пишуваат дека Валверде побарал од управата на клубот 180 милиони евра за да донесе тројца фудбалери.

Станува збор за Марко Верати од ПСЖ, Муса Дембеле од Борусија Дортмунд и Хектор Белерин од Арсенал.

Цената на Верати изнесува 80 милиони и идејата е Италијанецот да го замени Иниеста на теренот кој веќе е во поодминати години. Дортмунд за Дембеле бара 70 милиони, но во Барса се убедени дека ќе го добијат за 50 милиони.

Толку чини и десниот бек на Арсенал, кој е примарна цел на Валверде. Јасно е и зошто. Таа позиција беше дупката која ја имаше Барселона минатата сезона.

Потсетуаме, Валверде дури девет фудбалери стави на трансфер листа. Тука се: Ракитиќ, Алкасер, Видал, Матје, Туран, Алба, Рафиња, Диње и Денис Суарез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …