Дома Фудбал Лига на шампиони Валверде: Можеби Меси ќе заигра на Меаца

Валверде: Можеби Меси ќе заигра на Меаца

Тренерот на Барселона Ернесто Валверде изјави дека постои можност Лео Меси да заигра во натпреварот против Интер, кој се игра вечерва.

Иако најдобриот играч на каталонците неодамна ја повреди раката, експресно се опорави и е во конкуренција за натпреварот во кој Барса може да го осигура првото место во својата група.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Сепак, Валверде истакна дека Меси може да заигра само во случај клубот да процени дека е 100% спремен за настап.

„Можеби Меси ќе заигра против Интер, но не сум сигурен. Го чекаме извештајот од лекарите па заедно ќе ја донесеме одлуката. Тој на тренизите покажа дека се опоравил, иако не знам колку е паметно да ризикуваме нова повреда.“ – изјави Валверде.

Натпреварот Интер – Барселона се игра вечерва со почеток во 21 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Официјално: Мо Салах потпиша нов договор со Ливерпул

Мо Салах потпиша нов двегодишен договор со Ливерпул. “Секако дека сум возбуден. Имам…