Дома Фудбал Лига на шампиони Валверде: Луксуз е да се има Меси, не знам кого би сакал за противник

Валверде: Луксуз е да се има Меси, не знам кого би сакал за противник

Фудбалерите на Барселона со победата над Челзи се изборија за пласман во ¼ финалето од Лигата на шампионите.

Тренерот на Каталонците, Ернесто Валверде изјави дека вчерашниот реванш против „сините“ бил најтешкиот натпревар за неговиот тим оваа сезона, а одговори и на прашањето кого би сакал да види во следната фаза.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Одигравме навистина одлично, ја чувавме топката, но и гостите беа опасни, па моравме да бидеме внимателни до самиот крај. Овој натпревар за нас беше најтежок во сезоната.“

„Кого сакам во ¼ финалето? Во овој момент навистина не знам…Не размислувам на тоа“, изјави Валверде.

Валверде не сакаше ниту да го коментира настапот на Меси, кој постигна два погодоци и запиша една асистенција.

„Нема потреба да се трошат зборува. Вистински луксуз е да имаш играч како него во тимот. Посебно добар беше и Дембеле, одигра голема улога во овој натпревар. Постигна гол и беше одличен во одбраната“, заврши Валверде.

Ждребот за ¼ финалето на распоредот е веќе утре, а првите натпревари се играат на 3 и 10 април.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Реал Мадрид гледа португалскиот ас од 80 милиони евра како замена за Модриќ 

Според неодамнешен извештај од „Фичахес“, Реал Мадрид имаат насочено внимание кон ПСЖ за В…