Дома Фудбал Валверде имаше само едно барање до Меси: Само ти можеш да го поправиш ова..

Валверде имаше само едно барање до Меси: Само ти можеш да го поправиш ова..

Фудбалерите на Барселона изминатиот викенд ремзиираа на гостувањето против Севиља во дербито на 30. коло во шпанската Ла Лига.

Севиља беше на чекор од тоа на Барселона да и го нанесе првиот пораз оваа сезона во Ла Лига, но иако имаа водство од 2:0 пет минути пред крајот, сепак во финишот се заврши дуелот со резултат 2:2. Ернесто Валверде го остави Лео Меси на клупата пред оваа средба, но по вториот гол на Севиља беше принуден да го внесе во игра.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Шпанските камери, како што е и обичај, успеаа да го доловат моментот додека Меси одеше кон клупата за да се подготви за влегување на теренот, а Ернесто Валверде за него имаше само едно барање. „Дојди мораш некако да го поправиш ова“, му порача тренерот на Барселона.

Меси го исполни барањето па за само две минути успеа да ги врати работите на почеток. Прво Суарез намали на 2:1, а конечните 2:2 ги постави токму Меси со фантастичен погодок од дваесеттина метри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Штета: Милер постигна убав гол уште на дебито за новиот клуб, но беше поништен (Видео)

Легендарниот германски фудбалер Томас Милер го имаше своето деби синоќа за новиот тим Ванк…