Барселона не успеа да ја заврши сезоната со двојна круна, бидејќи во саботата беа поразени со 2:1 од Валенсија во финалето од Купот на Кралевите.
Каталонскиот клуб имаше очаен крај на сезоната во која усепаа да ја освојат само титулата шампион на Шпанија. Барса прво испадна во полуфиналето од Лигата на Шампионите, а потоа останаа без трофеј и во Купот на Кралевите. Иако Ернесто Валверде доби поддршка од управата на клубот по поразот од Ливерпул изгледа дека нема да му прогледаат низ прсти по што Барселона загуби од Валенсија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот новинар Жерард Ромеро утринава објави дека Валверде сигурно ќе добие отказ и дека можно е Барселона тоа да го соопшти денеска на својата официјална страница. Покрај тоа, многу се пишува за тоа дека нов тренер на Барселона би требало да биде Роберто Мартинез, кој во моментов е селектор на Белгија. Исто така, доколку Мартинез ја прифати понудата негов асистент би можело да биде Тиери Анри, кој своевремено играше за Барса.
Мартинез и Анри соработуваат во селекцијата на Белгија, но Французинот по Мундијалот го напушти стручниот штаб кога доби понуда да го води Монако, каде што не се прослави.
BREAKING: Barcelona will sack head coach Ernesto Valverde today. (Source: Various) pic.twitter.com/KJw1OOAXpC
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) May 28, 2019