Дома Фудбал Лига на шампиони Валверде го потврди она од што стравуваа во Интер

Валверде го потврди она од што стравуваа во Интер

Во Милано стравуваа од вакво сценарио…

Интер утре ќе има тешка задача во Лигата на шампионите.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


За Италијанците да се пласираат во следната фаза потребна им е победа против ПСВ и тоа не изгледа како претешка задача. Под претпоставка дека тоа ќе се случи, на Интер ќе му биде потребно Тотенхем да не ја победи Барселона.

На „нероаѕурите“ не им оди во прилог тоа што Ернесто Валверде одлучи да го одмори Луис Суарез, а и неговата изјава пред овој натпревар не е ништо подобра за Италијанците.

„Ќе имаме многу ротации во утрешниот состав бидејќи играме важен натпревар во сабота. Против Тотенхем некои играчи ќе имаат прилика да покажат дали можеме да сметаме на нив, но во секој случај сакаме да победиме“, изјави Валверде на дешената конференција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Победи за фаворитите во денешните натпревари во Лигата на шампионите

Вториот ден од програмата на Лигата на шампионите понуди неколку извонредно интересни натп…