Дома Фудбал Лига на шампиони Валверде го запрашаа дали му простил на Дембеле, а тој со одговорот ги насмеа сите (ВИДЕО)

Валверде го запрашаа дали му простил на Дембеле, а тој со одговорот ги насмеа сите (ВИДЕО)

Oсман Дембеле вчера одигра уште еден одличен натпревар, овој пат против Тотенхем во кој беше и стрелец уште во седмата минута.

Дембеле добива критики од спортските новинари поради своето однесување, а незадоволството од неговото несериозно однесување јавно покажа и Валверде.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Имено, Дембеле за викендот одигра солиден натпревар против Еспањол, но веќе другиот ден разочара со тоа што задоцнил на тренингот, а единствениот негово оправдување било дека се успал.

Вчера тој постигна фантастичен гол откако претрча повеќе од 70 метри, а Валверде беше запрашан дали ќе му прости.

„Дали му простив на Дембеле? Не знам, утре ќе имаме тренинг“, изјави Валверде со што предивика смеа кај новинарите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Тони Крос до Саудиска Арабија: Кој ќе ве гледа, ако Кристијано замине?

Поранешниот германски репрезентативец Тони Крос повторно е во центарот на јавноста поради …