Дома Фудбал Германија Вакво нешто ретко се случува: На натпреварот на Баерн покажани три црвени картони за едно полувреме 🎥

Вакво нешто ретко се случува: На натпреварот на Баерн покажани три црвени картони за едно полувреме 🎥

На натпреварот помеѓу Баерн и Дармштад видовме ситуација каква што не се гледа често на фудбалските терени.

Имено, во првото полувреме главниот судија на натпреварот покажа дури три црвени картони. Уште во четвртата минута Џошуа Кимих по грешката која ја направи стартуваше и доби директен црвен картон.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Силите во играчка смисла беа израмнети кога по 21 минута албанскиот фудбалер Гјасула го собори Лајмер и беше испратен во соблекувалната. Третиот црвен картон беше за гостинските фудбалери кои останаа без Маглица кој мораше да стартува од иста причина како и Кимих кај Баерн.

Треба да се спомене дека сите три црвени картони беа директни, немаше некој со претходна опомена со жолт картон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

ФИФА во проблеми поради Кристијано Роналдо, можни тужби од репрезентации?

Светската фудбалска федерација може да се соочи со сериозни правни последици по одлуката д…