Дома Останати Вакво нешто никој не направил: На Конор му се нуди борба со која би испишал историја!

Вакво нешто никој не направил: На Конор му се нуди борба со која би испишал историја!

Конор Мекгрегор би можел да испише историја во УФЦ како првиот борец со титули во три различни категории бидејќи се погласно се зборува за негова борба против Камару Усман, шампионот во велтер категорија.

Во велтер, категорија до 77 килограми, ирскиот борец одработи три борби – има победа и пораз од Нате Диаз како и триумф против Доналд Серон пред четири месеци.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Ноториус сака прилика за титулата шампион? Нека дојде. Усман ќе му ја даде таа прилика, а и ветува дека нема да го нокаутира во првите две рунди. Само ќе си игра со него“, изјави Али Абделазиз, менаџерот на Камару Усман.

„Навистина не знам зошто сакате овој човек да биде претепан. Би можел да го избришам подот со него“, порача 31 годишниот шампион Усман во оваа категорија.

Мекгрегор претходно стана првиот борец во УФЦ кој имал шампионски титули во две категорија – прелесна и лесна. Во кариерата има 22 победи и четири порази, додека Усман е на 16 победи и еден пораз од 2013 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Тага во регионот: Почина млада спортистка и репрезентативка на само 17 години

Зана Албиновиќ, член на кик бокс клубот Спартак од Бреза и репрезентативка на Босна и Херц…