Босанскиот тенисер Дамир Џумхур кој некогаш беше 23-ти тенисер во светот го привлече вниманието со необичен потег на меч во Шведска.
Џумхур започна меч против Филип Мишолиќ од Австрија, но истиот го предаде верувале или не по само 36 секунди. Пред мечот ништо не најавуваше дека може да дојде до ваква ситуација, па затоа за сите кои го следеа турнирот беше изненадување.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Босанецот сервирал, а Мишолиќ му го вратил сервисот одземајќи му го поенот. Веднаш потоа Џумхур се упатил во соблекувалната и го предал мечот. Засега не е познато поради што тенисерот се одлучил на ваков потег кој тешко дека е забележан претходно.