Дома Фудбал Англија Вакво нешто не му се случило на Роналдо цели 12 години

Вакво нешто не му се случило на Роналдо цели 12 години

Кристиано Роналдо пред неколку дена наполни 37 години, но моментално се наоѓа во најлоша форма во последните 12 години.

Португалецот со големи очекувања минатото лето се врати на „Олд Трафорд“, но Манчестер Јунајтед игра под сите очекувања, а со тоа и Роналдо.


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Роналдо синоќа против Барнли не успеа да постигне гол, а тоа беше негов петти меч по ред на кој не се запишал во листата со стрелци, а тоа исто така е најдолг пост кој го имал во последните 12 години.

Сите навикнаа Роналдо да руши рекорди, но сега стигна до еден негативен. Тој не постигна гол на пет натпревари во 2022 година, а мрежата ја зачуваа Вулверхемптон, Брентфорд, Вест хем, Миделсбро и Барнли.

Такво нешто последен пат му се случи во 2010 година, кога играше за Реал Мадрид, а тогаш го измачија Малага, Мајорка, Осасуна, Ајакс и Реал Сосиедад.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Трагедија се случила за време на „Суперкласико“: 12-годишно момче починало сакајќи да го прослави поништениот гол

Во Аргентина викендов се играше големото „Суперкласико“ кое на крајот заврши со победа на …